Со години биле соседи, но не знаеле дека се брат и сестра. Биле дадени на посвојување, имале пеколно детство…

Сподели со своите пријатели

Дека животот навистина пишува романи потврдува и приказната за Теган Корниш од Западен Лондон, која после 60 години си го нашла својот брат.

Loading...

Имено, како 14-месечно бебе, Теган била посвоена од средовечна двојка (50) со која, за жал, немала баш среќно детство.

Како што еднаш раскажала, честопати трпела малтретирање од нејзината посвоителка и закани дека ќе ја врати во сиропиталиштето ако не ја послуша.

Растејќи на начинот на кој таа растела, Теган се чувствувала изолирана и сама.

„Често бев тажна и осамена и поголемиот дел од времето го поминував во мојата соба читајќи. Сакав да бидам опкружена со браќа и сестри како и другите деца“, изјави Теган во емисијата „Одамна изгубени семејства“, а пренесува „Дејли мејл“.

 

 

Loading...

Како што рекла, нејзините посвоители не криеле дека не се нејзини биолошки родители, па Теган еднаш сакала да го најде своето биолошко семејство.

Долго истражувала додека не дознала дека мајка ѝ ја родила кога била тинејџерка, но и дека не ѝ е единствено дете – Теган има помал брат.

Дознала и дека нејзините посвоители првично го посвоиле и нејзиниот брат, но набрзо го вратиле. Иако Теган не се сеќава на тоа, бидејќи била бебе, тоа и дало дополнителен мотив да прашува уште повеќе и детално да ја истражи својата позадина.

По долга и напорна потрага, екипата на споменатата емисија успеала да го пронајде нејзиниот брат Кенет, кој ја делел сличната судбина со неговата сестра Теган.

Конечно, по долги 60 години, Теган и нејзиниот брат повторно се обединиле, а за нивното изненадување да биде уште поголемо – Кенет живеел на само 10 километри од неа!

Причината поради која не можеле да го најдат побрзо е името на Кенет, кое всушност припаѓа на многу вообичаени имиња.

„Плачев четири часа, морав двапати да го прочитам писмото. Срцето ми го крши тоа што знаев дека сме биле заедно некое време, а потоа се разделивме“, рекол тој.

Водителката на шоуто „Одамна изгубено семејство“, Давина МекКел, на Теган му ги пренела емотивните зборови на Кенет, по што се сретнале во едно лондонско кафуле, а нивната средба, по многу солзи и силни прегратки, била овековечена со срдечна здравица.

Loading...

Сега, како што велат, почнале да се среќаваат со други членови од семејството.

Оваа трогателна приказна дефинитивно потсетува на важноста на семејните врски и семејството како јадро на човекот.