Банката на Англија ќе позајми 40 милијарди фунти на британските енергетски компании за да можат да се справат со растечките цени, пренесува Танјуг.
Помошта ќе биде обезбедена од Фондот за спас, поради стравувањата од можен бран од нов колапс на енергетските компании.
Премиерката Лиз Трас, на нејзиниот трет ден на функцијата, рече дека сака енергетските компании да имаат готовина што им е потребна за да купат енергија доколку цените се зголемат, објави Гардијан.
Извештаите оваа недела покажуваат дека сопственикот на British Gas Centrica е во преговори со банките за да обезбеди дополнителна готовина бидејќи рускиот претседател Владимир Путин продолжува да го прекинува снабдувањето со гас во Европа.
Фондот за спас на енергетската компанија беше објавен заедно со „суспензијата“ на ограничувањето на цената на енергијата, што Трас го замени со „гарантирана цена на енергијата“ и двегодишно замрзнување на сметките за енергија во домаќинствата.
Владата, исто така, како што е наведено, ќе понуди „еквивалентна поддршка“ во период од шест месеци на компаниите, од кои повеќето не добиле никаква финансиска помош за решавање на енергетската криза поради руската инвазија на Украина, наведува „Гардијан“.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.