Српската народна партија денеска ги повика српските власти да започнат под итно изградба на ѕид на границата со Македонија, бидејќи, како велат тие српската полиција ги идентификувала првите терористи од Исламската држава кои се меѓу бегалците од Блискиот исток и северот на Африка, а низ Македонија влегле во Србија.
СНП во соопштението оценило дека Србија не треба да се срами од идејата за подигање ѕид на границата со Македонија, туку треба што побрзо да ја реализира изградбата за да ја заштити својата територија, но и граѓаните од како што велат тие „неконтролираната наезда од мигранти, а и потенцијални терористи“.
Оние политички функционери и активисти на т.н. невладини организации кои предлогот на СНП го нарекуваат нецивилизирана мерка, ги прашуваме зошто мигрантите не бегаат кон најботагите земји во светот, кои се исламски и практично нивни соседи, како што се Саудиска Арабија, Кувај, Обединети Арапски Емирати, туку доаѓаат во Европа – стои во соопштението на партијата.
СНП наведува дека АСадусика Арабија почнала да гради ѕид од 1000 километри за да се заштити од прилив на мигранти, меѓу кои и потенцијални терористи, иако се работи за сродни Арапи и муслимани.
Додаваат дека овој принцип е во потполност исто принцип по кој оваа прашање го третираат и ЕУ, САД и арапските земји.
Извор: РТВ