Слупчанец со своето „ауди“ удрил во скопјанец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен мештанин на липковско Слупчане удрил со своето „ауди“ во скопјанец по нарушување на јавен ред и мир во Скопје.

Loading...

– На 07.10.2023 во 21.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „Х.Т.Карпош“ бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица, по што Љ.Р.(26) од с.Слупчане-општина Липково со патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во А.Л.(44), по што двете лица биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од лекар им биле констатирани телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски