Словачки мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Свети Николе

Сподели со своите пријатели

На 26 август во 10:40 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат А-3 во правец Велес – Штип се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале патничко возило „Опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(68) од село Соколарци, кочанско, и мотоцикл со словачки национални ознаки, управуван од Ј.Д.(60) од Словачка.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велосипедист тешко повреден во сообраќајка со „Веспа“ во Скопје