На 26 август во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода 22-годишната В.С. од Крива Паланка.
Полицијата постапувала по претходна пријава дека истиот ден во населбата „Баглак“ во Крива Паланка го нарушила јавниот ред и мир, по што се однесувала агресивно и физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

