Охриѓанка нападнала полицајка пред СВР Охрид, и се заканувала

Сподели со своите пријатели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишната М.С. од Охрид поради сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.

Според полицијата, на 12 август 2026 година во 1 часот по полноќ, пред објект на СВР Охрид, М.С. физички нападнала полициска службеничка која извршувала службени активности од областа на безбедноста.

Таа воедно и упатила закани, по што веднаш била лишена од слобода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејното насилство не стивнува: Четири случаи за само два дена