Велосипедист тешко повреден во сообраќајка со „Веспа“ во Скопје

Сподели со своите пријатели

На 26 август околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале мотоцикл „Веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(33) од Скопје, и велосипед управуван од Д.Ч.(71) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанка нападнала полицајци при вршење службени дејствија