На шокантната снимка, која е направена во раните утрински часови минатиот вторник, на летот од Лондон Хитроу до Даблин, може да се види жена како допира маж под парче облека – додека преплашени патници седат насекаде околу нив.
– Секогаш кога ќе се свртев, гледав енергични движења на седиштата од другата страна. Беше многу очигледно што прават момчето и девојката. Тоа траеше околу 20 минути. Едно дете трчаше горе-долу и можеше да види што прават. Се покриле со шал, но на сите им беше јасно што се случува – изјавила патничката Фара (26), која била на летот со мајка ѝ и брат ѝ која го снимила и парот.
„Летот е краток…“
Како што продолжи таа, се чинеше дека не можеа да се воздржат, иако летот беше краток.
– Ни останаа уште околу 38 минути од летот кога го забележав. За мене беше прилично непријатно да седам со брат ми и да морам да сведочам за тоа, особено што авионот е еден од помалите и изгледаше како сите да седиме еден до друг – додала таа.
Се огласи и авиокомпанијата
Откако видеото стана вирално на социјалните мрежи, портпаролот на British Airways се огласи и го објасни скандалот.
– Нашите колеги од кабинскиот екипаж не беа информирани за никаков проблем во авионот. Доколку беа информирани, ќе преземеа соодветни чекори за да го решат тоа – се вели во соопштението.