Скандал ја тресе модната куќа „Бенетон“

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот произведувач за облека „Јунајтед колорс оф Бенетон“ е критикуван по започнуваљњето контроверзна рекламна кампања на која се гледаат фотографии од мигранти спасени од Медитеранот.

Во рекламата се гледаат мигранти во појаси за спасување во друштво на волонтери. Хуманитарната организација „SOS Mediterane“ го критикуваше „Бенетон“ затоа што користи фотографии од „луѓе во неволја“, пренесува ВВС.

Loading...

Италијанскиот минитер за внатрешни работи Матео Славини на својот Твитер профил напишал:

„Дали сум единствен кој сметам дека ова е дојстојно за презир?“

„Прада“ на суд поради кожа од над 700 млади крокодили

Рекламата која се појави онлајн, но и во италијанскиот дневник „Република“ се состои од две фотографии, од кои едната ја направила „SOS Mediterane“ на 9. јуни.

Оваа хуманитарна организација во целост се дистанцира од компанијата „Бенетон“, од каде се уште нема никаков одговор.

Leave a Reply