„Прада“ на суд поради кожа од над 700 млади крокодили

Сподели со своите пријатели

Италијанската модна компанија „Прада“ наскоро ќе се најде на суд поради проблеми поврзани со купување кожа од 700 млади и 26 возрасни крокодили, а американскиот добавувачки ланец го тужи модниот гигант за штета од два милиони долари.

„Прада“ се нашла во судски проблеми откако, како што пишува „Ел“, фирмата „Kapo USA“ открила дека склопиле договор со неа за купување кожа и младенчиња од американски крокодили кои ќе се користат за изработка на егзотични кожни модни додатоци.

 

Loading...

 

Додека другите модни компании, како „LVMH“, „Kering“ и „Ermes“ се бореа да ги обезбедат своите ланци на снабдување по пат на добавивачи од скапи материјали, „Прада“ со помош на фирмата „Kapo USA“, пронашла квалитетно одгледувани крокодили и со тоа си ја олеснила испораката во фабриката во Италија.

„Kapo USA“ бил платен за секое изведено младенче на крокодил, а дополнително заработиле и од продажбата на кожа. Преку оваа компанија, „Прада“ успеала да воспостави ланец на снабдување со крокодили во Америка.

Од оваа фирма тврдат дека самостојно превезле 726 крокодили на фармата на „Прада“ во Луизијана каде се одгледуваат крокодилите поради кожата.

 

 

Меѓутоа, италијанската фирма на „Прада“ – „GNP Peli“ наводно не платила провизија на „Kapo USA“, со што била направена штета од два милиони долари која американската фирма ќе ја бара на суд.

Италијанската модна куќа одговрила на тужбата. Како велат, бараат предметот да се префрли на Федералниот суд во Флорида, а потоа во Милано.

Leave a Reply