Сите останаа шокирани кога тој го „оживеа“ покојниот брат (видео)

Сподели со своите пријатели

Не станува збор за враќање од мртвите, но приказната е блиску до тоа.

Loading...

Перуанскиот лекар Едгар Аранда тврди дека открил како да го сочувате лешот во совршена состојба, а својата теорија ја докажал на телото на својот покоен брат кој починал пред 13 месеци, а тој го извади од ковчегот за да ја докаже својата теорија.

На видео записот се гледа како Аранда, пред своите роднини го покажува трупот од својот починат брат, обидувајќи се да го докаже експериментот. Тој ја покажува кожата на неговите дланки и подлактицата која изгледа како тој да е жив.

Мојот брат изгледа како да спие, како никогаш да не заминал од овој свет. Нема морфолошки промени на неговата кожа, коса или нокти – вели доктор Аранда.

Лекарот кој инаку е универзитетски професор, поминал 10 години во развој на посебна формула за балзамирање со помош на тим од свои ученици.

Мора да се извади целата крв и да се замени со други течности. Се работи за хемиски микс, но за сега ќе ја чувам тајната на составот.

Телото на неговиот брат е балзамирано со хемиска мешавина и е замотано во пластична кеса.

Меѓутоа некои луѓе на социјалните мрежи го поставија прашањето зошто некој би сакал да го сочува мртвото тело на својот роднина.