Силни експлозии – ракетиран Харков, има мртви

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на украинската армија соопшти дека руските војници се обидуваат да ги задржат привремено освоените територии и дека единиците на одбранбените сили на Украина одбиле напади надвор од неколку населени места, пренесува Укринформ, повикувајќи се на утринското соопштение на военото раководство.

Loading...

Две силни експлозии одекнаа во текот на ноќта во централните делови на Харков кои беа гранатирани од руските сили, пренесува Укринформ, повикувајќи се на градоначалникот Игор Терехов.

Тој на Телеграм изјави дека е погоден еден индустриски и еден инфраструктурен објект.

Шефот на регионалната воена управа во Харков, Олег Синегубов, објави дека една жена е убиена во ракетниот напад врз Харков од страна на руските сили.

На 3 октомври руската армија гранатираше медицинска установа во Купијанск, во областа Харков, кога загинаа лекар и медицинска сестра, пишува Укринформ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.