Силна експлозија во Мелитопол во областа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Силна експлозија се случи во градот Мелитопол во областа Запорожје, соопшти денеска градската управа.

Loading...

„Во Мелитопол се случи силна експлозија. Деталите се утврдуваат“, објави градската управа на Телеграм, а јави агенцијата ТАС С.

Претставникот на проруската администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов, вчера изјави дека единиците на вооружените сили на Украина го нападнале селото Светлодолински северно од Мелитопол и дека тогаш се слушнале најмалку седум експлозии.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.