Силен земјотрес ги погоди Соломонските Острови

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала ги погоди во вторникот Соломонските Острови, јавува USGS.

Loading...

Сведоците зборуваат за удари поради кои паднале телевизори и други предмети.

Беше издадено предупредување за цунами за област на околу 300 километри од епицентарот на земјотресот, 55 километри од Хонијара, главниот град на Соломонските Острови.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (PTWC) подоцна соопшти дека заканата е „значително“ намалена.

„Тоа беше голем земјотрес“, изјави Џој Ниша, рецепционер во хотелот Херитиџ Парк во Хонијара, за AFP, додавајќи дека „некои предмети во хотелот паѓаа. Се чини дека сите се добро, но исплашени“.

Новинар на АФП во главниот град рече дека потресот траел околу дваесет секунди. Во некои квартови на градот снема струја, а луѓето бегаа од канцелариите на повисоките места.

УСГС првично објави дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени.

Земјотресот се случил на длабочина од 13 километри во 13:03 часот по локално време (03:03 часот по средноевропско време).

Loading...