Сикорски: Путин нема сила да ја нападне Полска

Сподели со своите пријатели

Русија во моментов нема воен капацитет за голем напад врз Полска, но може да прибегне кон провокации и хибридни операции, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Тој во интервју за италијанскиот весник „Ил Месагеро“ рече дека Варшава сериозно ги сфаќа предупредувањата за можна руска закана, но дека не очекува директен воен напад на полска територија.

„Владимир Путин нема средства да не нападне денес. Најмногу што може да се обиде е некаква провокација“, рече Сикорски.

Шефот на полската дипломатија потсети дека прашањето за безбедноста е очигледно најважно во односите меѓу Варшава и Москва, со оглед на тоа што Полска во текот на историјата постојано била изложена на напади од исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Западот се обидува да ја избрише руската култура и да ја преработи историјата

Поради ваквото историско искуство, додаде тој, полските власти не потценуваат никакво предупредување, но во исто време сметаат дека сега нема причина да се шири паника меѓу населението.

Сикорски, исто така, предупреди на почетокот на јули дека можните провокации може да вклучуваат операции под лажно знаме, употреба на дронови или обид да се префрли одговорноста за одредени инциденти на Украина.

Тој тогаш оцени дека Русија, додека траат борбите во Украина, не е способна да изврши голем напад врз НАТО.

„Мораме да бидеме подготвени и јасно да им кажеме дека знаеме дека подготвуваат нешто опасно. Се надевам дека ваквите јавни предупредувања ќе го одвратат Путин од провокации“, рече полскиот министер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа увезува рекордни количини руски гас и покрај забраната

Полска, како една од клучните членки на НАТО на источното крило на алијансата, забрзано ги зајакнува своите воени капацитети во последните години и бара поголемо и потрајно присуство на американските сили на нејзината територија.

Сикорски потврди дека Варшава сè уште верува во американските безбедносни гаранции и бара од Вашингтон да отвори уште една постојана воена база во Полска.

На северот од земјата веќе има американски систем за противракетна одбрана во Реџиково.

Неговите последни изјави претставуваат нешто поумерена проценка за опасноста од директен конфликт, но не и откажување од Варшава од политиката на воено зајакнување, поддршка за Украина и посилно присуство на НАТО во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски дрон се урна во Молдавија (ФОТО)