Во 2019 година 87 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле интернет, објави Евростат.
Шведска користела најмногу интернет – 98 проценти од населението, а најмалку Бугарија – 68 проценти.
Гугл го менува начинот на кој функционира интернетот?
Граѓаните на ЕУ најмногу го користат интернетот за е-пошта, по што следат информации за стоки и услуги, пораки, читање на весници и списанија преку интернет.
Само еден од пет корисници продаваат стоки и услуги на интернет.
57 проценти од граѓаните на ЕУ користат интернет за да учествуваат во социјалните мрежи, проследено со барање за здравствени информации, слушање музика, остварување телефонски повици или остварување видео повици.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПЛАНЕТАТА Е ВО НИВНИ РАЦЕ: Клучевите од интернетот ги имаат 14 луѓе
Тие се помалку заинтересирани за учење преку интернет, само еден на четири корисници на ЕУ, додека 30% на мрежата преземаат и споделуваат на содржини што самите ги креирале.
Користењето на интернет во ЕУ рапидно расте од 2007 година, кога го користеа 57 проценти од граѓаните и во 2013 година, кога го користеа три четвртини.