Шведскиот премиер со Орбан на 23 февруари

Сподели со своите пријатели

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе ја посети Будимпешта на 23 февруари, на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави денеска портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

Loading...

Хаваши рече дека двајцата премиери ќе разговараат за соработката во областа на одбраната и безбедноста и подготовките за унгарското претседавање со ЕУ во втората половина на годината, по што ќе одржат заедничка медиумска конференција, јави МТИ.

Унгарската владејачка партија Фидес предложи парламентот да гласа за ратификација на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО на 26 февруари.

Фидес ќе ја поддржи ратификацијата, објави денеска на Фејсбук платформата лидерот на пратеничката група Фидес, пренесува Ројтерс.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто претходно денеска најави дека двете земји би можеле да разговараат за продлабочување на соработката во областа на економијата и одбраната доколку шведскиот премиер Улф Кристерсон ја посети Будимпешта.

Шведска поднесе барање за влез во НАТО во мај 2022 година, по почетокот на руската офанзива во Украина.

По позитивното гласање на Турција, Унгарија останува единствената земја членка на НАТО која не го ратификувала шведското барање за прием во Алијансата.