Швајцарија – европски лидер во развојот на 5G мрежата

Сподели со своите пријатели

Откако Словенија прифати 5G, иако претходно тврдеше дека стравот за нарушување на здравјето е легитимен, извештајот покажува дека и Швајцарија, така да се каже, „потклекна“.

Loading...

Швајцарија не само што воведе 5G, туку е и прва земја во Европа и втора во светот според развојот на 5G мрежата, според официјалните резултати од најновото истражување.

И додека луѓето се плашат од 5G, веќе се тестира 6G мрежата

Водечка земја во развојот на 5G мрежата, според истражувањето на компанијата Омдија, е Јужна Кореја, домот на Samsung, LG и други гигантски ИТ компании.

Иако бројот на достапни 5G уреди е ограничен во Јужна Кореја, дури 10 проценти од активните корисници користат 5G и најбрзо донесуваат нови 5G договори.

Што се однесува до Швајцарија, 5G е веќе присутен во 426 градови и рурални области, благодарение на проширувањето на операторите на Sunrise.

Во набљудуваните средини, најмалку 80 проценти од населението има пристап до 5G мрежата, т.е. сигнал.

5G предаватели поставени на Монт Еверест

Loading...

До мај следната година, 5G ќе биде присутна во над 535 градови, села и рурални средини, а наскоро ќе влезе во игра и Swisscom, швајцарски оператор, кој е на 90% исполнетост на својата цел до воведувањето на 5G мрежата за корисниците.

Веднаш зад Швајцарија е Кувајт, САД, следени од Катар, Кина, Велика Британија, Финска, Јапонија, Германија, Италија, Шпанија и Австралија.

Истражувањето заклучија дека операторите рапидно го пуштаат 5G сигналот и покрај пандемијата на коронавирусот.

Погледнете го целиот список на истражувани земји во светот:

 

Leave a Reply