И додека луѓето се плашат од 5G, веќе се тестира 6G мрежата

Сподели со своите пријатели

Леи Џуен истакна дека пандемијата на коронавирусот и големиот број теоретичари на заговор имаа негативно влијание врз развојот на 5G мрежата, но дека компанијата ќе продолжи да ја развива таа сфера.

Loading...

Експерти од кинеската компанија „Шаоми“ (Xiaomi) во моментов ги проучуваат технологиите кои ја сочинуваат основата на 6G мрежата!

5G предаватели поставени на Монт Еверест

Главниот извршен директор и основач на компанијата Леи Џуен не сакаше да ги открие деталите за прелиминарните тестови, но тој истакна дека важен услов за развој на 6G технологијата ќе биде воспоставувањето широка сателитска интернет мрежа.

– Базните станици и сателитите не се доволни. Потребна е терминална поддршка од сите места. Имаме многу истражувања во таа област, но „Шаоми“ не планира директно да учествува во комерцијалната употреба на аерокосмичкиот простор – рече директорот на компанијата.

Мапа која го следи развојот на 5G мрежата во светот: Како стои Македонија?

Притоа Леи Џуен, истакна дека пандемијата на коронавирусот и големиот број теоретичари на заговор имаат негативно влијание врз развојот на 5G мрежата, но дека компанијата ќе продолжи да ја развива таа сфера, како и да произведува паметни телефони кои би ја поддржувале мрежата од петтата генерација.

Според директорот на кинеската компанија, на крајот на 2020 година „Шаоми“ ќе престане со производство на паметни телефони за кинескиот пазар кои ја поддржуваат 4G мрежата. Компанијата моментно ги складира овие уреди.

Loading...

Сакале или не, 5G мрежата ќе има широка примена

Во наредните месеци, компанијата ќе се фокусира на развој на уредите од 5G, развој на сателитски интернет и истражување на 6G мрежата.

Леи Џуин истакна дека воведувањето на 5G мрежата значително ќе го подобри животот на луѓето.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Leave a Reply