Што навистина би се случило доколку Земјата беше рамна плоча? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И во 21. век се побројно е движењето на поддржувачите на теоријата дека Земјата е рамна плоча, луѓе кои не ги признаваат научните откритија и заговараат теории.

Само три минути биле доволни теоријата да се разбие со сериозни научни одговори кои на интересен начин илустрираат како навистина би изгледало кога Земјата би била рамна плоќа.

Помрачување на Сонцето – доказ дека Земјата е рамна плоча?! (видео)

Loading...

Меѓу другото, видеото дава одговори на прашањата како би делувала силата на гравитацијата, дали би постоеле временската зона и годишните времиња и на крајот дали на таа рамна плоча воопшто би постоеле услови за живот.

За почеток заборавете на пешачењето и шетањето по работ на рамната плоча, затоа што гравитацијата тоа едноставно нема да ви го дозволи.

НАЈЛУДА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР ДОСЕГА: НАСА нè лаже дека Земјата е кружна, еве зошто (ВИДЕО)

Но, дали гравитацијата на рамна плоча воопшто би постоела? Секако дека би. Токму гравитацијата е таа која ја формира, но и држи нашата планета, како и сите останати.

Кога Земјата би имала форма на палачинка, силата на гравитацијата тогаш би не влечела кон средината. Како би се одалечувале, таа би станувала се посилна и посилна и повторно силно би не вратила назад. И додека би чекориле по рамната плоча, би ималечувство дека се качуваме на рид, а со секој нов чекор станува се пострмно. Во моментот кога сепак би успеале некако да стигнеме до работ на земјината рамна плоча, силите кои не влечат кон долу и наназад би станале еднакви.

 

 

Сета вода би ја снемало од средиштето на Земјата.

Како старите Грци со едноставен трик утврдиле дека Земјата има кружна форма?

Како планетата која има облик на рамна плоча би се однесувала во вселената?

Според една од теориите по која Земјата е рамна плоча, Сонцето се врти околу Земјата, а не Земјата околу него. Но, што би се случувало кога СОнцето навистина би кружело околу Земјата, како Месечината.

При такво сценарио никогаш не би пателе од џет-лег, екстремен умор кој го чувствуваме по долг лет низ неколку временски зони. Причината е едноставна, временските зони не би постоеле. Сонцето истовремено би го осветлувало и горниот и долниот дел од планетата.

 

Loading...

 

Со оглед дека сончевата светлина постојано би ја осветлувала Земјата, не би имало циклус ден-ноќ. Не би имало ниту промена на годишните времиња, ниту помрачување на Сонцето. Сонцето во тој случај самото по себе би било помало, а во спротивно би ја спржило Земјата.

Но, и кога би било помало, во секој случај би било силно и би ја пржело рамната плоча, затоа што не би постоелно магнетното поле да ја штити планетата од сончевото зрачење.

https://www.facebook.com/What.If.science/videos/2477409635817675/

Leave a Reply