Иако не треба да се претерува со внесување на лебо, посебно белиот, човековиот организам сепак не може да функционира без јаглехидрати.
Откако од исхраната ќе ги исфрлите јаглехидратите, започнувате да се топите, но не ја губите маснотијата, туку водата.
Кога телот ги чува јаглехидратите во форма на гликоген, секој грам од хидратите во себе има вода и тоа во количина од три до четири пати поголема од тежината на самиот гликоген – вели нутриционистето Мари Спано.
Јаглехидратите се главен извор на енергијата за мозокот. Кога ќе ги исфрлите од исхраната го трошите цеиот гликоген од резервите, телото ги разложува мастите и се покренува со помош на кетон, а резултатот е здивот, сувите уста, умор, вртоглавица, несоница и мачнина. Ќе се чувствувате како да имате грип. на крајот телото се навикнува да се покренува со помош на кетонот, но тоа не значи дека е добра работа. јаглехидратите се секогаш подобри.
Житарките кај поголем дел од лушето се главен извор на влакната кои не само го стабилизираат шеќерот во крвта, туку и го намалуваат ризикот од гојазноста и хроничните заболувања. Покрај тоа, поради влакната редовно одиме во тоалет, а ако ги исфрлиме ќе се бориме со тврда столица.
Јаглехидратите го зголемуваат нивото на сератонин во мозокот. Кога ќе ги отстраните здравите јаглехидрати од исхраната, ќе го отстраните и вашето добро расположение.
Loading...