Што е амебата Naegleria fowleri „која јаде мозок“ и колку е таа опасна за луѓето?

Сподели со своите пријатели

Големо внимание и загриженост во јавноста предизвика веста дека во Јужна Кореја е потврден првиот случај на инфекција со „амеба што јаде мозок“.

Loading...

Имено, како што соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA), починатиот пациент со церебрален менингитис, кој од Тајланд се вратил во Јужна Кореја, бил заразен со амебата „Naegleria fowleri“.

Тој развил симптоми како што се главоболка, треска, повраќање и нејасен говор.

Оваа агенција објави дека има намера да го открие точниот пат на инфекција на пациентот.

„Naegleria fowleri“ е амеба, или едноклеточен жив организам, која живее во почвата и топлата свежа вода, како што се топли извори, езера и реки, ширум светот.

Амебата влегува во телото со вдишување преку носот и патува до мозокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Може да предизвика мозочна инфекција која обично е фатална.

Почетните симптоми може да вклучуваат главоболка, треска, гадење или повраќање, а подоцнежните симптоми може да доведат до тешки главоболки, треска, повраќање и вкочанет врат, според KDCA.

Loading...

Периодот на инкубација за „Naegleria fowleri” е обично два до три дена, а најмногу до 15 дена.

„Оваа болест е доста ретка, не се пренесува од човек на човек“, вели Александар Семјонов, раководител на Истражувачкиот институт за вирусни инфекции во Екатеринбург.

Иако преносот на Naegleria fowleri од човек на човек е невозможен, KDCA побара од жителите да се воздржат од пливање во регионите и заедниците каде што избувнала болеста.

Се додава дека ризикот од инфекција не е голем, но повеќето случаи започнуваат со пливање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Амебата „Naegleria fowleri“ беше идентификувана за прв пат во 1960-тите во Австралија.

Вкупно 381 случај на „Naegleria fowleri“ се пријавени во светот заклучно со 2018 година, вклучувајќи ги Индија, Тајланд, САД, Кина и Јапонија.

Стапката на смртност е над 97 проценти.

„Само четири лица преживеале од 154 познати случаи во САД од 1962 до 2021 година“, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Loading...

Според Институтот Роберт Кох, се претпоставува дека има и голем број случаи кои не се пријавени.

Во Европа последниот познат случај беше во Велика Британија пред 38 години.

Како амебата ги инфицира луѓето?

Ова обично се случува кога луѓето одат на пливање, нуркање или кога ја ставаат главата под свежа вода, како во езерата и реките.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Амебата потоа патува низ носот до мозокот, каде што го уништува мозочното ткиво и предизвикува разорна инфекција наречена примарен амебен менингоенцефалитис (PAM). PAM е скоро секогаш фатален.

„Инфекциите со Naegleria fowleri може да се појават и кога луѓето користат контаминирана вода од чешма за да го исчистат носот за време на религиозни практики или да ги исплакнат синусите. Во многу ретки случаи, луѓето се здобиле со инфекција со Naegleria fowleri од рекреативна вода која не содржела доволно хлор. Нема докази дека може да се шири преку водена пареа или капки од аеросол. Луѓето не можат да се заразат со Naegleria fowleri ако пијат контаминирана вода“, според веб-страницата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).