Штајнмаер: Настаните во Украина го уништија европскиот безбедносен поредок

Сподели со своите пријатели

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за „Радио РББ“ изјави дека актуелните настани во Украина доведоа до долгорочно уништување на европскиот безбедносен поредок.

Loading...

„За жал, европскиот безбедносен поредок повеќе не постои. Единствена причина за тоа е она што сега се случува во Украина. И не сите сакаат да ја слушнат мојата прогноза за блиска иднина“, рече тој, пренесува агенцијата Тас.

Според германскиот претседател, дури и крај на конфликтот во Украина нема да значи враќање на старата безбедносна филозофија.

„Ќе се појави нова ситуација во која Европа, од една страна, и Русија, од друга страна, првенствено ќе се бранат една од друга“, истакна Штајнмаер.

Претседателот посочи дека филозофијата за заедничка безбедност долгорочно ќе престане да биде заеднички концепт, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.