Во текот на претходната ноќ, Русија ја таргетираше Украина со 150 беспилотни летала и две ракети, објави денес украинската армија на социјалните мрежи.
Генералштабот на украинската армија изјави на Телеграм дека 124 беспилотни летала биле соборени на север, југ и исток од земјата.
Додаде дека руските сили испукале две ракети, но не кажа каде.
Руските власти објавија рано утрово дека две лица се убиени во напад од украински беспилотен авион во текот на претходната ноќ, а рафинерија во регионот Краснодар, североисточно од Црното Море, била запалена.

