Шпанија испраќа шест тенкови Леопард во Киев

Сподели со своите пријатели

Шест тенкови „Леопард 2А4“, кои Шпанија се обврза да ги испрати во Киев, ќе ја напуштат земјата во втората половина на април, соопшти денеска министерката за одбрана Маргарита Роблес, пренесува Ројтерс.

Loading...

Роблс, во интервју за ТВ станицата 24H, рече дека нејзиното министерство подготвува четири дополнителни тенкови, со цел да ги опреми за борбени операции и евентуално да бидат испратени во Украина.

Шпанија е една од првите земји кои побараа дозвола од Германија да испрати тенкови Леопард во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.