Претставата „Школо за љубовници“ на во изведба на Академија „28 сцена“ од Белград, Србија вечерва од 20 часот е на репертоарот на 22то издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“.
Loading...
Станува збор за претстава според текстот на Бојан Стојчетовиќ, кој воедно е и режисер на истата.
Во претставата играат: Милан Васиќ, Јелена Ракочевиќ Цекиќ, Милан Калиниќ, Александра Цуциќ и Бојан Стојчетовиќ.
Претставата беше играна и вчеравечер, надвор од предвидената програма за „Денови на комедија“ со оглед дека за истата владееше огромен интерес, а оние кои имаа можност да ја погледнат вчера кратко искоментираа „ќе ве боли стомакот од смеење“.