„Шкода“ изгоре во Куманово, сопственост на државна институција

Сподели со своите пријатели

Автомобил „Шкода“, сопственост на државна институција, вчера бил опожарен во Куманово.

Сепак, од полицијата не наведуваат за која институција станува збор.

– На 19.08.2026 во 15:54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Дренак“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „шкода“, сопственост на државна институција, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  79-годишен кумановец натепан од својот сосед