Двегодишно дете заврши во болница во Куманово откако испило бензин

Сподели со своите пријатели

Двегодишно дете вчера завршило во кумановската болница откако испило бензин.

– На 19.08.2026 околу 22:28 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете, кое испило бензин, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од Општа болница Куманово велат дека детето е во стабилна состојба.

– Станува збор за интоксикација со бензин на дете старо 16 месеци. Транспортирано е на клиника, во стабилна состојба, вчеравечер околу 22 часот, велат од болницата.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Шкода“ изгоре во Куманово, сопственост на државна институција