Четириесет и тригодишен кумановец ноќва бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.
– На 20.08.2026 во 02:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43- годишна сопруга дека физички ја нападнал, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

