Шилегов: Антикорупциска ги реши сите коруптивни зделки – јас сум на ред (фото)

Сподели со своите пријатели

Со јавно објавено известување од Државната комисија за спречување на комисија, портапорлот на СДСМ, Петре Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на комичен начин со хештаг коментар ”ќумрам”, го прокоментира известувањето од Антикорупциска за утврден судир на интереси.

Loading...

10659376_1880511975506725_4647795807038858919_n

Според предметот на Антикорупциска комисија, тоа што е спорно кај Шилегов е фактот што тој во истовреме извршува двојна функција, т.е пратеник во Собрание на РМ, но и одговорно лице во Адвокатското друштво ”Шилегов и партнери”.

Нашето Адвокатско друштво беше основано на 15 март 2014 година, а УЈП веќе 4 месеци спроведува контрола, односно од 31 март годинава, и за тој период, тие не можеа да утврдат состојба, вели Петре Шилегов во разговор со Кумановски Муабети.

– Известувањето на Антикорупциска комисија содржи невалидни информации, со оглед дека јас не сум единственото овласетено лице во ”Шилегов и партнери”. За да не оставам простор за коментари и ставање на тапет без причина, ние како Адвокатско друштво ќе направиме се`, за да не бидеме искомпромитирани, т.е комисијата согласно фактичката состојба знае дека јас не се појавувам во судница како овластен законски застапник, т. е адвокат. Очигледно е дека и во двата случаи се бара начин како да биде извршен притисок врз мене и врз врвните луѓе на партијата. Антикорупциска после сите објавени зделки во текот на проектот ”Вистината за Македонија”, реши корупцијата да почне да ја расчистува почнувајќи од мене, вели Шилегов.

Согласно издаденото решение на Државната комисија за спречување корупција, лице кое во ист момент извршува двојна функција е должно во рок од 15 дена да ја напушти една од двете функции, по што следи прекршочна пријава.