Го намалува ризикот од мозочен удар
Според четиринаесетгодишната американска студија во која учествувале 70.000 жени, луѓето кои јаделе најмногу цитрусно овошје имале 19 проценти помал ризик од исхемичен мозочен удар од оние кои јаделе многу малку од ова овошје.
Го забавува стареењето на кожата
Витаминот Ц од лимоните потикнува формирање на колаген што е клучно за спречување на брчки. Овој витамин, како и други антиоксиданти содржани лимонот, се борат против загадување и оштетување предизвикано од УВ зрачење.Помага во превенција на астма
Студиите покажуваат дека луѓето кои консумираат повеќе хранливи материи, вклучително и витамин Ц, го намалуваат ризикот од развој на астма. Една студија исто така открила дека витамин Ц ги ублажува симптомите кај луѓе со астма кога исто така добиваат настинка.