Шериф го повика Трамп да се предаде и да оди во затвор! Обвиненијата му го креваат рејтингот!

Сподели со своите пријатели

Со оглед на тоа што Големата порота го потврди обвинението за рекетирање, властите во Џорџија не губат време.

Loading...

Шерифот на округот Фултон, Пат Лабат го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се предаде во затворот во округот Фултон, заедно со уште 18 други обвинети во случајот со претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

Тоа е многу пред 25 август, крајниот рок даден на Трамп и на уште осумнаесет други од обвинителката Фани Вилис.

„Обвинетите учествувале во криминално рекетирање за да ги поништат резултатите од претседателските избори во Џорџија“, рече окружниот обвинител на округот Фултон.

Афроамериканскиот обвинител тврди дека обвиненијата не се политички мотивирани, но Трамп тврди дека се, и дека доказ е тоа што тие не се донесени пред три години, туку сега, среде неговата кампања.

„Тој се уште не е осуден. И тој е невин додека не се докаже вината“, изјави Скот Џенингс, поранешен специјален помошник на претседателот Џорџ Буш.

Трамп се уште не објави кога има намера да се предаде.

Лабат претходно сугерираше дека сака да се однесува со обвинетите во случајот на ист начин како со кој било друг обвинет, јавуваат американските медиуми.

Loading...

„Планиравме со месеци, секој ден, а сега сме подготвени“, рече шерифот на округот Фултон, Патрик Лабат.

По секое обвинение, Доналд Трамп се фалеше дека неговиот рејтинг кај републиканците само се зголемува – и тој беше во право.

Речиси две третини од републиканците, 63 отсто, велат дека сакаат Трамп повторно да се кандидира, но повеќето Американци се против него.

„Републиканците треба да забележат, ова е одлука на Големата порота во многу конзервативна држава која рече дека овој човек треба да биде обвинет, нели? Ова не е Министерството за правда и идејата дека се е политизирано. Можеби ќе му дадеме номинација. Се надевам дека нема“, изјави гувернерот на таа држава.

Поранешниот претседател сега се соочува со вкупно 91 точка во Њујорк, Вашингтон, Џорџија и Флорида.

Истражувањето пред читањето на четвртото обвинение покажа дека противењето на гласачите за реизборот на 80-годишниот Бајден веќе не е толку одлучувачко.