Шеќеринска: За Груевски е поважно сончањето во Тел Авив отколку договорот од 2 јуни

Сподели со своите пријатели

Стана јасно дека Никола Груевски се плаши од фер и демократски избори. Стана јасно дека Груевски бега од имплементација на договореното и бега од соочување со вистината, изјави денес потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, откако денес не се одржа првата средба за имплементација на договорот од 2 јуни, согласно препораките на Прибе.

Loading...

Вие бевте сведоци дека на денешниот прв состанок на работната група којашто беше задолжена за планирање и спроведување на европските препораки од Извештајот на Прибе, согласно договорот од 2-ри јуни – дека ВМРО ДПМНЕ само половина час пред закажаната средба го откажа своето присуство и учество. ВМРО ДПМНЕ денеска преку министерот за надворешни работи Никола Попоски во Брисел се фали со постигнатиот договор, а денеска истата партија овде во Скопје, го кочи договореното.

За Груевски очигледно е поважно сончањето во Тел Авив, отколку реализација на обврските коишто ги превзема и тој и сите останати, односно договорот на 2-ри јуни согласно извештаите на Европската Унија.

Станува јасно дека европската перспектива на Република Македонија апсолутно е незначајна за премиерот и за неговата Влада.

Ваквиот однос на ВМРО ДПМНЕ, ваквиот однос на Груевски за нас е неприфатлив и тоа мора да се примени час поскоро. Ова го соопштуваме денеска пред јавноста во Македонија, ова денеска ќе го соопштиме и на меѓународната јавност, вели Шеќеринска.