Боите на улиците низ Куманово, како и натписите „Нема правда, нема мир“, „Протестирам“, „Шу праиш“ останаа да сведочат за големиот марш кој вечерва се одржа во центарот на градот.
Loading...
[huge_it_gallery id=”347″]
ГОлем број граѓани на мирен протест го искажаа револтот од аболицијата на Иванов, но освен негова оставка побараа Никола Груевски да плати за сторените злодела. Со скандирање „Николче диктаторче“ и „Грујо оди си“ тргнаа од пред Основниот суд во Куманово по улицата „11-ти Октомври“, а потоа продолжија по булеварот „Трета МУБ“ и повторно низ центарот на градот се вратија пред судот.
Викендов што следи ќе остане без протести, но затоа веќе во понеделник се најавени помасовни.