Сеул повлече осум дипломати од Украина, спорот со Киев се продлабочува

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Хјун денес изјави дека земјата повлече осум дипломатски службеници од Украина, поради спор што се појави откако Киев го откри трансферот на двајца севернокорејски воени заробеници.

Чо рече дека и покрај делумното повлекување, тој продолжува да комуницира со украинскиот министер за надворешни работи за да се реши проблемот, пренесува Јонхап.

Порано овој месец, Јужна Кореја го отповика својот амбасадор во Украина, Парк Ки-чанг, и одлучи да повлече дел од персоналот на амбасадата, наведувајќи го недостатокот на чекори од страна на Киев за решавање на спорот, како и постојаната закана од руски воздушни напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Русија договорија привремено примирје во Херсон

„Досега се повлечени осум лица“, рече Чо, додавајќи дека повлекувањето е неизбежно со оглед на тоа што Украина не се справила соодветно со проблемот.

Јужна Кореја побара официјално објаснување, извинување и гаранции дека оваа ситуација нема да се повтори, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во септември, јавно го откри трансферот на двајца севернокорејски војници во Јужна Кореја.

Неговиот кабинет во тоа време негираше дека постои договор за доверливост во врска со случајот, иако Сеул тврди дека двете страни од самиот почеток се согласиле да го чуваат трансферот во тајност, за да ги заштитат војниците и нивните семејства што останале во Северна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја распореди артилерија по должината на границата со Јужна Кореја

И покрај повлекувањето, Чо рече дека клучниот персонал останал во Украина и дека прави сè што е во нивна моќ за да ги заштити јужнокорејските граѓани во услови на тековните руски напади.

На прашањето дали спорот може да ескалира до точка што би ги загрозила дипломатските односи со Киев, Чо одговори дека тоа може да се случи ако тензиите продолжат да растат.

„Продолжувам со комуникацијата со украинскиот министер за надворешни работи за да можеме да го решиме овој проблем што е можно поскоро“, рече тој, според Танјуг.

Министерот, исто така, нагласи дека пошироката поддршка на Јужна Кореја за Украина останува непроменета, истакнувајќи дека Сеул продолжува да учествува на конференции за обнова на Украина, да обезбедува хуманитарна помош и да учествува во меѓународните напори насочени кон завршување на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски балистички ракети погодија универзитетски кампус и еден од најважните мостови во Киев: Има мртви и повредени (ВИДЕО)