На плажа во Бразил е снимена контроверзна сцена која брзо стана вирална, кога еден пар наводно имал интимни односи среде бел ден, додека ги посматрал полицаец.
Видеото, кое набрзо беше отстрането од ТикТо откако собра преку 4 милиони прегледи, прикажува жена во бикини како седи во скут на маж на плажата Праја Гранде во Сао Паоло.
На прв поглед се чинеше дека имаат секс под чадор и на лежалка, додека не ги прекина полицаецот.
Откако била посочена за нивното недолично однесување, жената ја сменила лежалката, а полицаецот ја напуштил плажата.
Бразилскиот медиум G1 објави дека немало официјална информација за инцидентот во текот на денот, иако непристојните дела на јавни места се забранети со бразилскиот кривичен закон.