Серија земјотреси ги погодија Хаваи, пренесува порталот ЕМСЦ.
Loading...
Според извештаите, во 0:52 часот по локално време, земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала се случил на 360 километри источно-североисточно од Хонолулу, во близина на Маунтин Вју.
За неколку минути следеле последователни потреси со јачина од 2,3, 2,7 и 2,2 степени.
Жителите на Хаваите го опишаа првиот удар како силен, а некои од нив сведочеа дека работите се движеле низ нивните куќи и дека траел повеќе од 10 секунди.
Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.