Семејна куќа изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа лоцирана на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, вчеравечер изгорела во пожар, при што била причинета поголема материјална штета.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 20:55 часот на терен излегле петмина пожарникари со две противпожарни возила.

Опожарен бил приземниот дел од објектот, при што била причинета поголема материјална штета.

Пожарот бил локализран и завршен во 23:15 часот.

Причината како и висина на материјалната штета допрва ке се утврдува

Кумановските пожарникари вчера попладне интервенирале и во атарот на селото Табановце, каде во двор на напуштена семејна куќа горела сува трева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица малолетници од Куманово и Липково ќе одговараат за насилство

Четворица пожарникари интервенирале во период од 15:00 до 15:22 часот. Причината како што наведува РЦУК, е човечки фактор.

Во текот на изминатото деноноќие една интервенција имале и пожарникарите во Општина Старо нагоричане.

Loading...

Во атарот на селото Сув Орах гореле сува трева и грмушки.

Двајца пожарникари интрвенирале во период од 14:20 до 16:10 часот.

Во овој момент нема информација за активни пожари.

Никола Ивановски