Швајцарската компанија Perspective Robotics со својата најава несомнено ќе израдува многу селфи љубители.
Имено, оваа компанија со седиште во Цирих, планира да започне проект кој ќе ја заврши револуцијата на познатите его-портрети: FotoKite Phi, пластичен дрон со четири елипси и камера.
Главната разлика кај овие производи во споредба со постоечките уреди на пазарот се гледа во неговото користење. Нема командување од далечина, ниту навигација преку смартфони – дронот е поврзан со ремен на развлекување во одлжина од осум метри.
FotoKite Phi тежи само 300 грама и лесно е пренослив, а неговата единствена мана е што има ограничена автономија од најмногу 15 минути.
Засега сеуште во фаза на проект, дронот за селфи веќе доби дозвола за примена на јавни места во Швајцарија и Франција, а се очекува наскоро и САД да го одобрат истото.