Седумгодишното момче Шкељќим Зимбери, ученик во ООУ ”Јероним Дерада” во с. Черкези, кумановско, утринава почина по долга и тешка болест, откако лекарите му констатираа Osteosarcom – nos – intermediatede (карцином на коски).
Loading...
Кумановската јавност неколку месеци наназад започна со собирање на финансиска помош за лекување на младото момче во Виена, Австрија, но, во борбата за живот, болеста сепак прогресираше рапидно, пишува порталот Куманова Сот.
Шкељќим ќе биде погребан на селските гробишта во с. Черкези.
Семејството Зимбери се заблагодарува на сите граѓани кои помогнаа во лекувањето на нивниот син.