Седум лица загинаа кога противпожарен хеликоптер се урна во аргентинската покраина Сан Хуан, соопштија денес локалните власти.
Хеликоптер Bell 412 учествуваше во гаснењето на шумските пожари во паркот Ишигуаласто, заштитено подрачје на западот од земјата, на околу 1.200 километри од Буенос Аирес, објави порталот „BA Times“.
Меѓу жртвите се пожарникари, полицајци и членови на цивилната заштита, како и четворица високи функционери на покраинската влада – заменик-началникот на полицијата Марсело Видела, началникот на покраинската противпожарна служба Рубен Кастро, директорот на цивилната заштита Карлос Хередија и заменик-началникот на противпожарната служба Хорхе Карбахал.
Авионот бил на пат кон соседната покраина Ла Риоха, каде што требало да помогне во гаснењето на шумски пожар.
Причината за несреќата засега е непозната и е под истрага.
Спасувачките екипи беа испратени на местото на несреќата, кое локалните медиуми го опишуваат како оддалечена и тешко достапна област, пренесува Танјуг.

