Седум цивили загинаа во Бахмут, во областа Доњецк

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум цивили загинаа, а тројца се ранети во Бахмут, град во источна Украина во областа Доњецк, кој со месеци е сцена на интензивни борби со руската армија, изјави денеска регионалниот гувернер Павло Кириленко.

Loading...

Телата на тројца претходно убиени цивили се откриени во два локалитети во регионот, рече Кириленко на Телеграм.

Украинската армија извести за руска офанзива во правец на Бахмут, на север од регионот.

Вчера, украинските војници ги одбија руските напади во близина на десет локалитети, вклучувајќи го и Бахмут, во регионите Доњецк и Луганск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.