Со зголемување на бројот на правење селфи на некои од најубавите и најопасните места во светото резултира со пораст на бројката на загинати, па така некои влади ги мотивираше да размислат за кампања со која ќе ги предупредат корисниците на ризокот од правење селфи.
Чинот на фотографирање на самиот себе со мобилен телефон, при што субјектот е во средината на кадарот, во последните неколку години е прилично популарен начин на фотографирање, од папата Фрања до Барак Обама.
Меѓутоа, покренува и рискантно јавно однесување и ги поместува границите на безбедност и нормално однесување. Неколку влади имаа основано регулаторни тела кои селфи фотографиите ги третираат како сериозна заканаа за јавната безбедност и покренуваат кампања слична на они против пушење и алкохол.
Десетици гроци селфи-самоубиства се случија во Русија и ги натераа властите да предупредуваат на ризиците. Па така велат, меѓу другото, дека тоа не е паметно да се прави во природа.
Во јуни двајца мажи од Урал загинаат позирајќи со рачна граната од која го извадиле осигурачот. Месец потоа еден студент загина обидувајќи се да се слика како виси од московскиот мост.
Слично е и во останатите места во светот. Во Тексас во среда 19годишно момче си пукало во глава позирајќи, а мислел дека пиштолот не е наполнет. Управата на националниот парк морала да издаде предупредување после пет одвоени случаи кога луѓе обидувајќи се да дојдат до атрактивно слефи се приближувале до бизоните и останале прободени од нивните рогови.
Во јуни, ЕУ, предложи закон со кој би се казнувало слефи на знаменитостите како Ајфеловата кула или Фонтаната ди Треви. Индија има прогласено „зона без селфи“ околу хиндуистичките храмови поради страв од стампедо.
Селфи фотографиите ги привлекуваа луѓето кои се склони кон поместување на границите на нормално однесување, велат научниците. Истражување покажало дека личности кои покажуваат елементи на т.н. црно тролистово пореметување на осеобеноста – нацисоидност, макијавелизмот и психопатијата, развиваат „селфи слава“ без оглед на тоа кој страда во тој процес.
Но, сето оцва не ги спречи некои држави да го капитализираат овој тренд и популарност на селфи фотографиите. Австралиската туристичка заедница има кампања за најголемо светско селфи – „Гига селфи“ и има поставено неколку платформи во кои од најпопуларните природни дестинации.