Тригодишното девојче кое беше оставено пред еден месец во парк во Велика Горица (Хрватска) и понатаму се наоѓа во Домот за незгрижени деца во Назарово, а ниту полицијата ниту Црвен крст засега немаат информација за тоа чие е девојчето, каде е нејзиното семејство, а непознато е и тоа како девојчесто стасало во паркот во Велика Горица.
Девојчето, во случај да не се дознае каде се наоѓа нејзиното семејство ќе биде сместено во згрижувачко семејство и ќе ги има сите права како да е државјанин на Хрватска, пишува хрватскиот Индекс.хр, повикувајќи се на извори од тамошното Министерство за социјална политика и млади.
И понатаму го бараме семејството и се надевам дека приказната ќе има среќен крај, и дека со помош на сите институции ќе го најдеме семејството, но ако тоа не се случи, тогаш таа ќе влезе во системот на социјалната заштита и ќе биде сместена во згрижувачко семејство, велат од министерството.
Како што пишува Индекс, девојчето е здраво откако ја прегледале тим од лекари и востаневено е дека таа нема никакви здравствени проблеми и дека има приближно три години. За девојчето велат дека е пронајдена уредна и чиста, без траги на запуштеност. Таа и покрај се е весело и разиграно девојче и добро воспитано, наведува порталот.
Девојчето е многу добро и пристојно, се смее, добро е воспитана. На пример, кога се игра, таа секогаш си ги раскрева своите работи и има убави манири на однесување. Првите две седмици, таа воопшто не зборуваше, па не можеше да се претпостави потеклото, како ни јазикот на кој зборува.
Накрај беше востаневено дека таа зборува урду јазик откако реагирала на говорот на две момчиња од Пакистан кои зборувале со ист акцент.
Првин, за девојчето се ширеа верзии дека е од Ромска националност, а потоа беше донесен и преведувач на арапски јазик, но се востанови дека таа разбира само урду дијалект, велат од министерството во Хрватска.