Разговорите кои се водеа во Стразбур меѓу делегацијата на ВМРО ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски и со делегацијата на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев, траеле до раните утрински часови, односно до околу 3 часот и 30 минути, јавува дописникот на МИА Тони Гламчевски од Стразбур, наведувајќи дека по завршувањето на разговорите ништо не било соопштено.
Двете делегации, заедно со нивните олеснувачи, се договориле изутринава да излезат со заедничко соопштение за содржината на разговоритe чија цел е изнаоѓање решение за политичката криза во Македонија.
Средбата се одвиваше зад затворени врати, далеку од објективите на камерите.
Инаку, во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаа покрај претседателот на партијата Никола Груевски, уште Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, а тука беше и пратеникот Владко Ѓорчев кој и се приклучи на делегацијата во Стразбур.
Во делегацијата на СДСМ се наоѓаа претседателот Зоран Заев, Рената Дескоска и Роберт Поповски.è