Се уште не се спасени сите повредени гости на урнатиот хотел во Германија

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а девет останаа заробени под урнатините кога се урна дел од хотел во лозарски град на реката Мозел во западна Германија, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Спасувачите успеале да извлечат четири лица од урнатините неколку часа по уривањето.

Четиринаесет лица биле во хотел во Кроево кога во вторникот околу 23 часот се урнал еден кат од зградата.

Полицијата соопшти дека петмина успеале неповредени да излезат од зградата, но уште девет останале заробени.

Итната помош утрово констатирала дека едно лице е починато, но се уште не успеале да го извлечат телото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 лица уапсени во врска со пожарите во Лос Анџелес

Властите соопштија дека се спасени две жени, маж и двегодишно дете, пренесе германската новинска агенција dpa.

Регионалната јавна телевизија СВР соопшти дека сведоците пријавиле дека слушнале силен тресок и виделе голем облак од прашина во моментот на уривањето.

Властите евакуираа 31 лице од областа веднаш околу оштетената зграда. Нема информации што го предизвикало уривањето.

Loading...

Спасувачката операција се уште е во тек.