06.09.2018 12:32

Се уредува речното корито, Димитриевски со апел да не се загадува реката


Заврши втората фаза од проектот за уредување на речното корито на Липковка, проект кој се реализира преку УНДП, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија и Општина Куманово.

Наскоро се очекува да започне и реализација од првата фаза од проектот кој беше прекинат, за регулацијата на реката од мостот во населбата Средорек до локалитетот Водовод.

– Во меѓувреме општината ќе се обиде да побара донатори, односно кофинансиери за проектот за третата фаза на речното корито и веќе порачавме изработка на проектна документација за проширување на постоечкиот мост на локацијата кај Средорек. На Куманово му се потребни вакви проекти, граѓаните имаат голем бенефит и верувам дека со текот на времето ќе успееме и овој дел на градот, особено во делот на зелениот стар градски парк да го разубавиме и да направиме соодветна пешачка зона која ќе можат граѓаните да ја користат континуирано, изјави Димитриевски.

 

 

Како што додаде Димитриевски избрана е фирма која започнува со чистење на речното корито, па сите забелешки на граѓаните за веќе исчистените и наталожни материјали кај зградите на булеварот „Октомвриска револуција“ се дислоцираат.

– Апелирам до граѓаните да се воздржат од фрлање на отпадоци и разно разни материјали во самото речно корито, затоа што тоа се случува во континуитет со години, ќе бидат зајакнати контролите од страна на надлежните инпекциски служби, а ќе биде спроведена и акција од страна на Министерството за внатрешни работи, заедно во соработка, да бидат овие лица откриени. Сведоци сме дека излегуваат снимки на социјалните мрежи, каде несовесни граѓани исфрлаат шут и друг тип нечистотии и смет во речното корито, тоа е спротивно на законот и сите такви случаи кои ќе бидат лоцирани граѓаните кои што го прават тоа дело ќе бидат санкционирани од наша страна, изјави градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски апелираше граѓаните да ги пријавуваат случаите на загадување на животната средина, до надлежните инспекциски служби во општината или во СВР Куманово.

Воедно, како што потенцираше градоначалникот, во изминатите месеци санкционирани се десетина физички и правни лица.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments