Се памети и она што не сте го испратиле: Што сè социјалните мрежи знаат за вас?

Сподели со своите пријатели

Аналитичарите кои се занимаваат со социјалните мрежи ги анализираа податоците собрани од ТикТок и открија дека нема значителни разлики во споредба со другите слични апликации.

Што сè памети ТикТок, и претежно другите социјални мрежи?

Loading...
  1. Сè што пишувате, дури и ако не сте го испратиле

TikTok ги скенира и анализира сите информации што ги добива од вашата преписка, како што се испраќање пораки, испраќање и примање. Сето тоа го кажува во нивниот договор за приватност и вклучува пораки што ги пишувате и бришете.

Ова може да изгледа како голема инвазија на приватноста, но Фејсбук го користи веќе подолго време.

Од пораките во апликацијата Месинџер (и испратени и неиспратени), тие ги собираат информациите што им се потребни на огласувачите.

  1. Сè што ќе допрете на екранот на телефонот

Врз основа на вашата динамика на пишување на телефонот и лизгањето со прстот преку екранот, можно е да ве идентификуваат. Компанијата ТикТок во својот договор за безбедност вели дека ги собира ритамот и моделот на пишување, но не е наведено за што им треба.

Овие обрасци се многу значајни затоа што можат да препознаат многу за корисникот, од пол до тоа дали сте клинички депресивни. TikTok се чини дека е единствената социјална мрежа која ги собира овие модели и ритми.

 

 

Loading...
  1. Сè за уредот што го користите

Нашите мобилни телефони и таблети на TikTok му кажуваат многу информации, како што се IP адреса, модел на уред, мобилен оператор, временска зона, оперативен систем и слично. Собирањето на оваа информација е стандардно во многу социјални мрежи.

  1. Вашите контакти

TikTok собира контакти од вашиот телефонски именик, како и контакти од социјални мрежи, доколку сте ја поврзале таа социјална мрежа со други. Исто така, ова се случува со ваша дозвола, сепак тие можат да ги пренесат овие информации на некој друг без ваша дозвола.

Собирањето контакти не е единствено за TikTok, затоа што скоро секоја социјална мрежа ги користи и ви овозможува поврзување на контактите.

  1. Вашите интереси

Ова не важи само за ТикТок, бидејќи сите социјални мрежи го користат она што ве интересира, тие ви нудат таква содржина за да можете да продолжите да ја користите платформата.

Специјални алгоритми се користат за да ги направат вашите почетни страници прилагодени на вас.

Ова е проблематично бидејќи без знаење на корисникот, може да се појават разни манипулации и подметнувања на содржини или намерно прикривање на содржината.

Истражувачите заклучиле дека ТикТок нема некое особено сомнително однесување, сепак, она што социјалните мрежи го собираат за нас е премногу, и затоа треба да се заштитите паметно.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *