Пакистанката Ситара Јасин води прилично возбудлив начин на живот, кој морала да го сподели со целиот свет отворајќи канал на платформата Јутуб каде што им покажува на луѓето како живее жена која морала да се омажи на 13 години.
Додека повеќето жени се согласуваат на полигамни бракови во кои влегуваат многу рано, некои од нив бегаат борејќи се за себе.
Имено, она што ја прослави Ситара е нејзиниот брачен однос кој за многумина е несфатлив.
Нејзиниот сопруг се оженил со втора жена и покрај тоа што не се развел од првата жена, Ситара.
За работите да бидат уште поинтересни, Ситара има три деца со сопругот, додека сите деца биле гости на неговата свадба со друга жена.
Од редовните блогови на Ситара може да се заклучи дека таа не била присутна на свадбата на нејзиниот сопруг, туку ја следела церемонијата на интернет.
И покрај напорите се да функционира добро, на Ситара воопшто не ѝ е лесно, а одлуката на нејзиниот сопруг да донесе друга жена тешко ѝ паднала, но и на нејзините деца.
Имено, децата се тажни бидејќи помалку време поминуваат со својот татко.
Сепак, единственото добро што ѝ го донел полигамниот брак биле приходите, бидејќи благодарение на нив успеа да собере голем број претплатници на Јутуб.
Претходно нејзините видеа имаа и до 300 прегледи, додека денес се бројат во милиони и сето тоа благодарение на полигамијата.
Денес оваа жена заработува преку 20.000 долари месечно, а скапите патувања, накит и ткаенини се нејзиниот животен стил.
Но, не било секогаш вака. Имало време кога таа живеела навистина скромен живот, со ограничени средства едвај доволно за да се одржи живот од средната класа.
Дури откако објавила неколку видеа на кои нејзиниот сопруг зема друга жена за себе, нејзиниот канал на Јутуб привлекол големо внимание и неверојатен број прегледи.
Покрај тоа што го сподели со светот фактот дека нејзиниот сопруг пронашол друга жена, таа опишува и како изгледа нивниот заеднички живот.
На нејзиниот канал може да се видат многу видеа со наслови како:
- Другата жена е сега дома, треба да зајакнам.
- Украсување на собата на другата жена.
- Другата жена ќе остане во друг дом.
- Еден ден со мојот сопруг и неговата втора сопруга.
- Дали вторта жена ги сака моите деца?
- Никогаш не замислував дека мојот сопруг повеќе ќе ја сака својата втора жена!
- Втората жена е бремена
- Што ми рече втората жена за време на породувањето?
Ситара открила дека имала тешко детство, татко ѝ починал многу рано, а таа морала да се омажи на 13 години. Првото дете го добила на 16 години, а сега има 26 години.
Луѓето се многу заинтересирани за нејзиниот случај, а таа секојдневно добива прашања поврзани со втората жена, а многумина се прашуваат кој е сопственик на куќата во која живеат.
Ваквите прашања се наметнуваат првенствено затоа што во повеќето јужноазиски земји жените имаат ограничени права, а често сопругот е тој што ја поседува куќата, недвижниот имот итн.
Ова дополнително ја турка жената да биде финансиски зависна од нејзиниот сопруг, што ја прави неспособна да замине дури и ако е заглавена во навредлив брак без љубов.
Ситара на сите прашања одговара понизно, а понекогаш и со хумор. Таа објаснува дека ги поседува повеќето работи вклучувајќи го и нејзиниот дом.
Откако почнала да заработува голема сума од Јутуб, драстично се променил и нејзиниот животен стил.
Сега е на турнеја низ Саудиска Арабија, Дубаи и други истакнати места.
Ситара сега многу вложува во својот изглед, купува брендирани работи додека целата ситуација ја врти во своја полза.
Нормализација на полигамијата?
Многумина ја обвинија дека ја нормализира полигамијата и дека не се залага за себе и за своите деца.
Требала да му се спротивстави на сопругот затоа што добил друга жена, но не го сторила тоа.
Наместо тоа, таа објави видеа каде што зборува дека станува посилна за да го прифати она што животот и го фрлил.
Ситара често беше обвинувана дека им дава лош пример на своите деца, особено на нејзината ќерка.
Не обрнувајќи внимание на ваквите обвинувања, таа продолжи да снима повеќе блогови, собирајќи прегледи и претплатници.